Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс остварија победи на гостински терен, а главни актери беа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Денвер славеше на гостински терен против Шарлот Хорнетс со 115:106, откако заостануваа со половина поен по првото полувреме, гостите одиграа одлично во третата и четвртата четвртина, а на крајот заслужено славеа.
Јокиќ повторно го предводеше својот тим до победа, постигнувајќи 28 поени, девет скока и единаесет асистенции. Со тие 11 асистенции, Јокиќ го зголеми својот вкупен број на 5636 во својата НБА кариера и со тоа официјално го надмина легендарниот Џордан кој имаше 5633 асистенции во својата кариера.
ЛА Лејкерс исто така остварија победа на гостински терен, славејќи со резултат од 112:108 против Филаделфија. Интересно е што Лејкерс имаа негатива од седум поени на полувремето, но одличната трета четвртина им го отвори патот за победа.
Лука Дончиќ одигра историски натпревар во победата на својот тим. Словенецот постигна трипл-дабл од 31 поен, имаше 15 скока и 11 асистенции.
На овој начин, Дончиќ го надмина Никола Јокиќ кога станува збор за вечната листа на трипл-дабл со најмалку 30 постигнати поени. Само Оскар Робертсон остана пред него.
Luka Doncic vs PHI:
31 PTS
15 REB
11 AST
2 BLKPasses Nikola Jokic in 30-point triple-doubles — only Oscar Robertson has more. pic.twitter.com/PYFEI4FeVq
— StatMuse (@statmuse) December 8, 2025
Шарлот – Денвер 106:115
Мемфис – Портланд 119:96
Чикаго – Голден Стејт 91:123
Филадефија – ЛА Лејкерс 108:112
Јута – Оклахома 101:131










