Николиќ и Рикиќ го делат МВП признанието за 9. коло

0
Фото: КФСМ

По втор пат по ред, во девет одиграни кола, се случува двајца кошаркари да имаат идентичен број на индексни поени во креирањето на идеалните пет.

Во таа „улога“ во деветтиот круг се најдоа две нови лица во лигата. Еден од нив е повратник, Роберт Рикиќ, кој игра за екипаата на Работнички, другииот е новиот адут на МКК Куманово, се вика Немања Николиќ.

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Повратникот во македонската кошарка го одбележа со дабл-дабл ефект на средбата со екипата на Ангели. Немаше вистинска конкуренција во рекетот. Но тоа не му посмета да реализира 20.поени, со висок процент на успешност во ударите за два поени 8/10 односно 80%), имаше и максимални 4/4 од линијата за слободни фрлања. На тоа додаде и 13. скока (пет во фазата на нападот), имаше и три блокади и една асистенција, за 22:40 минути во игра, кои го донесоа до 35. индексни поени.

НЕМАЊА НИКОЛИЌ (МКК КУМАНОВО)

Се води како дебитант во нашето најквалитетно натпреварување. Но тоа не му посмета да реализира навистина одлични бројки во својата премиера како играч на МКК Куманово.

На средбата со Тиквеш Голден Игл, одигра 36:22 минути во кои постигна 29.поени 1/4 за три, 8/11 за два и 10/10 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа имаше и девет скока, седум асистенции, пет загубени и една освоена топка, за идентичен индекс како и Рикиќ – 35!

ДАМЈАН РОБЕВ (РАБОТНИЧКИ)

Само два помалку, односно 33. реализираше повремениот македонски репрезентативец во редовите на „црвено-белите“.

Одигра нешто повеќе од 31.минута, период во кој забележа ефект од 21.поен 3/3 за три, 5/6 за два и 2/2 за еден поен), седум скока, седум асистенции, и само една загубена топка.

УРОШ ЛУКОВИЌ (МКК КУМАНОВО)

Ретки се моментите кога највисокиот играч во нашата лига, кој сега доби конкуренција со трансферот на Рикиќ во Работнички, да не е во идеалните пет. Не беше исклучок и ова коло во кое единствената разлика во однос на претходните негови индивидуални остварувања е што не е „двоцифрен“ кај скоковите.

За 28.минути, оствари девет скока (само еден офанзивен), но имаше високи 27. реализации, со само еден нереализиран обид од поле (12/13), и потпросечни 3/8 од линијата за слободни фрлања. Имаше и една блокада и едно додавање. за индекс-32.

СТЕНЛИ ДЕЈВИС (ТФТ)

Еден од креаторите на големиот триумф на ТФТ на гостувањето во Битола, без никакви дилеми.

Одигра одличен натпревар во салата „Боро Чурлевски“. Го заокружи со реализација на 25.поени (2/5 за три, 8/11 за два и 3/5 заа еден поен), осум скока, пет асистенции, две освоени и само една загубена топка за 32:52 минути во игра, или индекс 31.

ПРВА ПЕТОРКА

Роберт Рикиќ (Работнички)

Немања Николиќ (МКК Куманово)

Дамјан Робев (Работнички)

Урош Луковиќ (МКК Куманово)

Стенли Дејвис (ТФТ)

ВТОРА ПЕТОРКА

Амар Хот (Маџари)

Брендон Алстон (Работнички)

Бизмарк Ниах (Феникс 2010)

Џејлин Билингсли (Чаир 2030)

Виктор Ефремовски (Работнички)

Претходно16-годишна фудбалерка на Љуботен на „радарот“ на Јувентус