Две очекувани победи за фаворитските екипи во последните два меча од седмото коло на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени.
Цветанка Димова се врати во составот на Баскет кам, и тоа веднаш беше „видливо“ во играта на бранителот на титулата на гостувањето во кавадаречки „Јасмин“.
Кметовска заврши со 18.поени (пет скока и четири асистенции), Димова додаде 16.поени (и осум сока и две асистенции, Адамовска придодаде 15 (шест асистенции и пет скока), додека Максимовска застана на девет поени.
Во домашната екипа, Томас беше ограничена на четири поени (и исто толку скокови), додека Јовановиќ даде 18.поени (и по шест скока и асистенции), а Петровска ушште 11.поени (и четири скока).
СПОРТ ТИМ – КРИВА ПАЛАНКА 51:97
Кошаркарките на Крива Паланка во целост ја оправдаа улогата на фаворит на гостувањето во Неготино, каде до врв го наполнија кошот на екипата на Спорт тим.
Стигнаа до повеќе од убедлива победа со која поради подобриот однос во меѓусебните дуели со конкурентите, Баскет Кам и Вардар, првата етапа ја завршуваат како лидерска екипа на табелата (скор 6-1).
Груевска одигра уште еден одличен натпревар, кој го заврши со ефект од 31.поен (13/15 во обидите за два поени), дополнети со шест асистенции и два скока. Пул имаше 16. реализации, Алексовска даде 14.поени (и пет асистенции), додека Ниехуес придодаде 11.поени и 9.скока.
Во екипата на Спорт тим, која останува на една победа во седум натпревари. Лукиќ постигна 18.поени (имаше и пет асистенции), Митановска ја следеше со 11.реализации (и седум скока).
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО
Пробаскет – Баскет кам 50:69
Спорт тим – Крива Паланка 51:97
Патриот 2016 – МЗТ Бела вода 53:92
Бадел 1862 – Вардар 74:85
ТАБЕЛА
1.Крива Паланка 7 6 1 588:406 13
2.Баскет кам 7 6 1 481:363 13
3.Вардар 7 6 1 515:461 13
4.Бадел 1862 7 4 3 512:461 11
5.Пробаскет 7 3 4 535:521 10
6.МЗТ Бела вода 7 2 5 430:457 9
7.Спорт тим 7 1 6 358:511 8
8.Патриот 2016 7 0 7 349:598 7
ИДНО КОЛО (13.12)
Баскет кам – МЗТ Бела вода
Бадел 1862 – Пробаскет
Патриот 2016 – Крива Паланка
Спорт тим – Вардар










