Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е нов селектор на женскиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на романски Динамо Букурешт е новиот избор на Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија да ги предводи дамите. Договорот е на две години, со можност истиот да биде продолжен.
Гавриловиќ ја превзема функцијата откако ОФМ ја заврши соработката со Стефан Пауновиќ, кој ја водеше репрезентацијата во изминативе четири години.










