Актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Шкендија има уште обврски есенва. За тетовци полусезоната не е завршена, напротив, имаат уште две средби во рамките од групмата фаза во Лигата на Конференции.
Голманот Бабоукар Гаје е еден од носителите на успесите на тимот сезонава. Тој е во одлична форма, а за клупскиот сајт ги пренесува импресиите од одиграното досега сезонава како и за плановите и амбициите за напролет.
„Шампионската титула и влезот во Конференциската лига се големо достигнување. Напролет верувам дека ќе бидеме уште посилни, но сега целиот фокус е на последните два натпревари. Ја поканувам јавноста да нè поддржи во четврток во Скопје против Слован Братислава за да се обидеме да го дадеме најдоброто од себе, а потоа ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе против АЕК Ларнака.“ – вели Гаје па додава
„Целосно сме фокусирани на нашата работа, да бидеме што е можно поподготвени за последните два предизвици. Европските натпревари се посебни, не се случуваат секој ден и додека уживаме во нив, продолжуваме да се бориме за да ги добиеме што е можно попозитивните резултати. Не е лесно, но дефинитивно е можно и ќе се обидеме да го направиме тоа“, – истакнува чуварот на мрежата.
Задоволен сум во Шкендија
„Ако се сеќавате на моето прво интервју откако потпишав тука, реков дека знам од каде доаѓам и дека верувам дека ќе имаме успешна сезона. Сега можам да кажам дека сум многу задоволен од тоа како се одвиваа работите. Секако, секогаш има простор за подобрување, но ако добро ја анализирате ситуацијата, излегува дека сме направиле нешто посебно.“ – вели Гаје.
„Ова дефинитивно е историска година за Шкендија. Тимот ја освои шампионската титула во Тетово, додека ние имавме одличен настап во квалификациите за Лигата на шампионите преку кои ја обезбедивме Конференциската лига и само судбината нè остави надвор од Лигата на Европа. Само сетете се на тој случај на Тамба во последните минути против Лудогорец во Бугарија! Тоа би била друга приказна. Но, ова е исто така супер достигнување и не разочаравме со нашите настапи.“ – потенцира чуварот на мрежата.
„Шкендија секогаш се стреми кон врвот, а третото место не е она што го сакаме. Но, пролетната полусезона е пред нас за да го надоместиме она што ни недостигаше. Воопшто не сакам да звучи како алиби, но игравме на три фронта, многу патувања, натпревари и заморот е присутен. Игравме натпревари без играчите собрани со репрезентациите, или дури игравме и кога другите се одморија. Сето ова нè чинеше, но верувам дека ќе можеме да го надоместиме. Сега мора да го задржиме фокусот на двата преостанати натпревари, пред да одиме на пауза. Во четврток играме во Скопје, поканувам што е можно повеќе гледачи да дојдат да нè поддржат и да се обидат да дадат се од себе“, – финишира Гаје.















