Илиевски погодува за Приштина и е мета на турски суперлигаш

57

Повремениот македонски репрезентативец Марио Илиевски е во супер голгетерска форма. Членот на косовскиот тим на Приштина викендов погоди во ремито на тимот против екипата на Феризај, што беше шести погодок за него есенва.

Илиевски ја држи Приштина на самиот врв на табелата, и тимот до крајот на сезоната ќе биде во трка за титулата.

Од друга страна пак, головите на Илиевски не останаа незапазени. Спортспорт дознава дека дуелот на Приштина со тимот на Малишева лично го следел еден од помошниците на тренерот на Анталиаспор, Ерол Булут, кој што е директно заинтересиран за услугите на Илиевски.

Анталиаспор е тим кој што во моментов се мачи на играчки и резултатски план, а во Илиевски очигледно дека гледа решение за голгетерските проблеми.

 

ПретходноЧаби Алонсо: Чувствувам поддршка од сите во Реал Мадрид
СледноГолем удар за Реал: Судијата од мечот со Селта оценет со висока оценка!