КФСМ на средба со Борко Ристовски: Во среда ќе биде познато дали ќе се игра кошарка!

1

Марија Ковачева

Кошарката е пред финансиски колапс. Клубовите немаат начин како да функционираат откако Министерството за Спорт не ги исполни своите ветувања кон нив. Немаат добиено ниту денар од предвидените субвенции од кој што живеат спортски субјекти во државата.

Последна уплата била во април, оттогаш на адресата на Министерот за Спорт, Борко Ристовски се упатени повеќе апели и остварени средби, но без реализација.

Кошарката во Македонија се сплоти по повод ова прашање и одлучи да направи драстичен чекор, да дигне бунт против Министерството за спорт, поточно да не продолжи со сезоната доколку не ги финасиските средства кои се предвидени според законот во Македонија.

Зад клубовите застана КФСМ, денеска ќе биде испратено писмо до Борко Ристовски со детални анализи околу долгувањата, а во среда првиот човек, Томица Главчев ќе оди на состанок во Министерот за Спорт. После оваа средба ќе биде познато дали во државата ќе се игра кошарка или за првпат во историјата ќе се случи колапс. Рокот за исплата е до 15. декември, потоа никој не може да добие денар, што пак создава дополнителен притисок.

Според нашите информации само четири клуба од Прва лига мажи добиле пари од Министерството за Спорт, три кои играат на меѓународна сцена и еден кој игра само домашно првенство, што пак дополнително ги иритира останатите екипи на нефер однос на државата кон клубовите.

И КФСМ едвај преживува, за последниот настап на сениорската репрезентација со последни сили беа собрани пари за да кошаркарите ги имаат сите услови и да отпатуваат за Даблин.

 РАКОМЕТОТ НА ИСТО НИВО НА КОШАРКАТА

И во ракометот ситуацијата не е ништо подобра. Но, за разлика од кошарката во овој спорт екипите од непозната причина не можат да се охрабрат гласно да ги кажат своите проблеми, иако живееме во демократска држава.

Чекајќи го Министерот за спорт, Борко Ристовски да им ги исплати предвидените субвенции и средства од прoграмата за распределба на средствата од игри на среќа, не можат да им поделат плати на ракометарите/ракометарките. Дел од оние кои се на теренот немаат земено плата од стартот на сезоната, а истите тие имаат семејства што треба да ги ранат.

Дали спортот ќе го доживее најголемиот крах, останува да видиме што поскоро….

Претходно​Матлиески повеќе не е тренер на Пролет