Листа на стрелци во ПМФЛ: Мато и Компаоре се класа за себе!

0

Вчера заврши есенската полусезона во сезоната 2025/26 во ПМФЛ. Јасно е дека напролет ќе се води жестоа битка за титулата меѓу Вардар и Струга ТЛ, веројатно и Шкендија, ама ќе се води и жестока битка за тоа кој ќе биде прв стрелец или “бомбардер“ на сезоната.

Засега на прво место се Мато Роџерс од Вардар и Басиру Компаоре од Струга ТЛ, интресно и двајцата постигнаа по 12 голови, но и двајцата, поради повреди, ги пропуштија последните кола.

Репрезентативецот на Уганда против напаѓачот од Буркина Фасо, тоа ќе биде и афричка битка за прв стрелец во елитната лига на Македонија.

Трет со 11 голови е Шефит Шефити од Арсими, а тука е Мартин Мирчевски од Силекс кој постигна девет голови.

Се разбира дека своја шанса гледаат и оние кои досега постигнале по осум голови како Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга ТЛ) и Ричард Фахд Ндзенгуе (Брера).

Ова е листата на стрелците во ПМФЛ по есенската полусезона:

ТАБЕЛА

12 – Басиру Компаоре (Струга ТЛ), Мато Роџерс (Вардар)

11 – Шефит Шефити (Арсими)

9 – Мартин Мирчевски (Силекс)

8 – Христијан Малески (Струга ТЛ), Ричард Фахд Ндзенгуе (Брера), Азер Омерагиќ (Вардар)

6 – Емануел Аворнио (Башкими), Фабрис Тамба (Шкендија), Мигуел Пиреш (Силекс), Иван Ивановски (Тиквеш), Буњамин Шабани (Струга ТЛ), Албан Таипи (Арсими)

5 – Филип Алексовски (Башкими), Лука Булатовиќ (Пелистер), Марјан Радески (Струга ТЛ)

ПретходноКонечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!