Уште една победа на Баерн Минхен со пресврт сезонава. Имено вечерва во меч од 6.коло во ЛШ на „Алијанц Арената“ во Минхен, Баерн со 3:1 го победи Спортинг Лисабон. Ова беше петта победа на “Баварците“ за 15 бодови.
И повторно со пресврт. Португалците поведоа со автоголот на Кимих во 54.минута. И тогаш машината како да се „запали“. Прво Гнабри во 65.минута израмни, следуваше голот на младиот Карл во 69.минута за 2:1, а серијата голови ја заврши Тах во 77.минута за конечни 3:1.
Ленарт Карл, кој има само 17 години, урна рекорд. Тој е најмладиот фудбалер во историјата на ЛШ кој успеал во три меча во низа да постигне гол во ова натпреварување.
Да кажеме дека вечерва Алфонсо Дејвис, левиот бек на Баерн и еден од најдобрите леви бекови во светот, по долга, долга пауза поради тешката повреда одигра неколку минути во финишот на средбата.










