Вечерва на програмата се првите девет средби од 6.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека сите погледи ќе бидат свртени кон “Меаца“ во Милано каде Интер го дочекува Ливерпул. Тоа ќе биде европски класик што се вели, но повеќе е интересен од аспект на “Редси“ ако се знае што се се случуваше во изминатиот период се до вчерашниот ден и случајот „Салах“. Ливерпул и тоа како е ранет, ете шанса Интер да дојде до петтата победа сезонава во ЛШ.
Баерн Минхен, во терминот од 18:45 часот, го дочекува Спортинг Лисабон и секако дека сака да им се врати на победите. Барса игра дома со Франкфурт, Чоло Симеоне и Атлетико Мадрид имаат незгодно гостување кај ПСВ.
Во секој случај очекуваме, како што беше и досега, спектакуларни мечеви во најелитната клупска европска лига.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки за вечерва:











