Никола Матлиески повеќе не е требер на Пролет, оваа информација ја потврдија од клубот. Причината за слабите резултати и последно поразот од Прилеп. Игор Илиевски, повремено ќе ја извршува функцијата на прв тренер.
„Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш.
Матлиески пристигна во клубот на почетокот од 2025 година, во исклучително тежок момент по трагичната смрт на Александар Јовиќ, и максимално одговорно и професионално ја извршуваше тренерската улога.
За жал, резултатите во досегашниот дел од сезоната не се посакуваното ниво, а по последниот пораз од Прилеп на домашен терен беше донесена одлука за промена на тренерската позиција. Игор Илиевски, кој е дел од тренерскиот тим во младинската школа на Тинекс Пролет, ќе биде привремено решение до крајот на оваа календарска година.
РК Тинекс Пролет му се заблагодарува на Никола Матлиески за се што стори за овој клуб“, велат од клубот.










