Милош Гавриловиќ е нов селектор на одбојкарките: Се радувам на новиот предизвик

1
Фото: ОФМ

Српскиот стратег Милош Гавриловиќ е нов селектор на женскиот сениорски национален тим. Актуелниот тренер на романски Динамо Букурешт е новиот избор на Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија да ги предводи дамите. Договорот е на две години, со можност истиот да биде продолжен.

Гавриловиќ ја превзема функцијата откако ОФМ ја заврши соработката со Стефан Пауновиќ, кој ја водеше репрезентацијата во изминативе четири години.

ПретходноАлександар Костоски пред трансфер во Работнички?