Познати се двојките за четвртфиналето во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

0

Она по кое е првиот „пресек“, а според кој се формирани и двојките од четвртфиналето од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женскиот сениорски сегмент.

Актуелниот „изглед“ на табелата вели дека три екипи се на делба на првата позиција. Крива Паланка, Баскет кам и Вардар имаат идентичен ефект, односн скор од шест победи и еден пораз по првиот круг од натпреварите.

Но во оние меѓусебни натпревари според кои се прави моменталниот пласман, во предност се девојките од Крива Паланка.

Имаат една убедлива победа, против Вардар (94:63), и пораз од Баскет кам (70:83).

Скор (1-1) има и актуелниот шампион, екипата на Баскет кам, која загуби од Вардар (45:52), а победи во дуелот со Крива Паланка на гостински терен (83:70), ефект каков што имаат и „вардарки“ кои се со најслаб кош-количник во водечкото трио во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.

Согласно со тоа, и претходно утведиот систем за натпреваруавње во Купот „Благоја Георгирвски-Буштур“ во женска конкуренција, формирани се и натпреварувачките двојки за првата, четвртфинална фаза.

Како „единица“ во натпреварувачкиот „костур“, кошаркарките на Крива Паланка за противник ја имаат осмопласираната екипа Патриот.

Баскет кам, кој ја има „двојката“, за ривал во четвртфиналето ја има екипата на Спорт тим од Неготино.

Вардар како „трет носител“ за пласман на финалниот турнир ќе игра против екипата на МЗТ Бела вода, која моментално е на позицијата број 6.

Последната четвртфинална двојка ја формираат екипите на Бадел 1862, која е четврттопласирана и Пробаскет од Кавадарци кој е на позицијата број 5.

Натпреварите во четвртфиналната фаза ќе се играат на 27/28.декември, на теренот на подоброрангираните екипи.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2026 – ЖЕНИ

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Крива Паланка – Патриот

Баскет Кам – Спорт тим

Вардар – МЗТ Бела вода

Бадел 1862 – Пробаскет

* – се игра само еден натпревар

ПретходноМакедонија У18 со домашен двомеч против Црна Гора