СП 2025: Германија е прв полуфиналист!

0
ФОТО: International Handball Federation/FB

Очекувано, женската ракометна селекција на Германија е прв полуфиналист на СП откако успеа убедливо да слави во првото четвртфинале на шампионатот против Бразил со 30:23. Па така Германките во полуфиналето ќе се сретнат со подобрата селекција од четвртфиналниот меч меѓу Данска и Франција, кој е на програмата во текот на утрешниот ден.

Уште на стартот од овој меч големиот фаворит покажа сила, потоа дојде до комотна разлика. Првиот дел заврши со +6 (17:11) за Германките, за во продолжение од мечот следуваше само рутинско одработување на задачата.

ПретходноСудии од Исланд на мечот Шкендија – Слован во ЛК!