Во четврток од 18:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра натпреварот од 5.коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Слован Братислава. Исклучително важен меч и за двете екипи ако се знае дека поразената екипа ги губи сите шанси за пласман во плеј – офот во ова натпреварување.
Инаку одредени се и судиите за овој дуел. Главен судија е Ивар Ори Кристјансон од Исланд, помошници се неговите сонародници Биркир Сигурдсон и Гуфи Мар Сигурдсон, додека четврти е Вихалмир Тораринсон исто од Исланд.
Во ВАР собата ќе бидат Кевин Кленси и Грент Ирвин, и двајцата од Шкотска.










