ТИМ И ИГРАЧ НА 16.КОЛО: Нов блесок на Азер Омерагиќ

1

Беше играч на 15.коло, а сега е играч и на 16.есенско коло, последно за оваа година. Тоа е Азер Омерагиќ, напаѓачот на Вардар кој во самиот финиш на полусезоната одигра фантастично. Во Ѓорче, каде се решаваше кој ќе биде есенски првак, “Лавовите“ поведоа со 1:0, на Вардар му требаше победа и таа дојде со двата гола токму на Азер Омерагиќ. Токму кога е најпотребно.

Во тимот на колото се и Анџелети, Илиевски и Хамза (Струга ТЛ), Бутуровиќ, Анѓелески, Додев и Мирчевски (Силекс), Вебстер и Тамба (Шкендија), Тодоров (Брера).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЗЕР ОМЕРАГИЌ

Тим: Вардар

Роден: 14.07.2002 во Скопје

Кариера: Вардар, Хајдук, Борец, Шкупи, Скопје, Вардар

ПретходноПознати се двојките за четвртфиналето во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција