ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)

0
ФОТО: FC Struga/FB

И дефинитивно Струга ТЛ со Бледи Шкемби на клупата е сосема некоја друга димензија. Со победата над Тиквеш во Кавадарци, шеста во низа, стружани завршија како втори по есенската полусезона со бод помалку од Вардар. На 16 меча само еден кикс, и тоа со Брера, и тоа ги чинеше есенска титула, она провизорната.

Сепак Струга ТЛ воодушеви со своите настапи, најмногу постигнати голови и најмалку примени.

Шкемби и во Кавадарци, кај Тиквеш, и тоа како покажа дека си ја знае својата работа. Неговата Струга ТЛ одигра уште еден одличен меч во кој знаеше што сака и како да дојде до тоа што го сака.

ПретходноЛиндзи Клири е МВП на колото во Прва лига жени