Ситуацијата во тимот на Реал Мадрид воопшто не е лесна во моментов. Особено за тренерот Чаби Алонсо. „Кралевите“ изненадувачки загубија од Селта на свој терен викендов со 0:2, а јавноста во Шпанија на големо шпекулира доколку тимот загуби од Манчестер Сити во Лигата на Шампионите неделава, дека можна е и смена на Алонсо.
„Комуникацијата е постојана, сите сме сплотени како еден. Не, не се чувствувам осамен. Ние сме тим, сите одиме заедно рака под рака. Кога си тренер на Реал Мадрид, си подготвен за ова“ – изјави Алонсо и продолжи во своето излагање дека дека ја чувствува поддршката од сите играчи, од сите во соблекувалната на тимот, како и од целиот тим.










