Од вечерва и официјално. Владимир Жоглев е ново име во нападот на Шкендија Арачиново. Второлигашот кој есенската полусезона ја заврши како второпласиран, не крие дека има прволигашки амбиции, па така Жоглев е само првото зимско засилување.
Напаѓачот Жоглев доаѓа од Осогово и во Шкендија Арачиново сметаат дека успеале да ангажираат квалитетен фудбалер.










