Работнички и натаму се бара сезонава кога станува збор за играчкиот ростер. Најтрофејниот кошаркарски колектив често пати го менува составот, особено кога станува збор за играчите од надвор.
Според нашите информации „црвено-белите“ наскоро треба да добијат искусно име на плејмејкерската позиција. Александар Костоски е пред потпис со Работнички каде доаѓа како слободен играч.
Костоски оваа сезона е без клуб, последен пат играше за Пелистер, додека во Работнички настапуваше многу одамна, на почетоците на неговата кариера, од 2006 до 2007 година.
„Црвено-белите“ се петти на табелата во Супер-лигата со 14 бода исто колку и Кожув.










