Андреј Јакимовски од меч во меч покажува дека е екстра класа. Имено и вечерва Македонецот одигра фантастично,моќно и беше најзаслужен за победата на неговиот Тренто на гостувањето кај Бур во ФИБА Еврокупот.
Македонскиот кошаркар успеа да постигне 30 поени, притоа имаше и 7 скокови и три асистенци за 30 минути и беше убедливо најдобар поединец не само во својот тим туку и воопшто на натпреварот.
Тренто успеа да слави со 73:91 и ова беше петта победа во десетиот меч за италијанскиот претставник во ова натпреварување.










