Линдзи Клири е МВП на колото во Прва лига жени

32

Линдзи Клири од екипата на Бадел 1862 го одбележа, индивидуално гледано, седмото коло од „Шпаркасе лајф“ Првата лига. Но нејзиниот индекс рејтинг 41, не се покажа како доволен за екипата за која настапува да дојде до конечен успех во мечот против екипата на Вардар…

ЛИНДЗИ КЛИРИ (БАДЕЛ 1862)

Одигра повеќе од 37.минути, пред да ја направи својата петта лична грешка на средбата со Вардар. Ги одигра одлично, забележа дабл-дабл учинок. Имапе 19. поени (8/11 во шутот за два поени и 3/4 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа оствари и 18.скока од кои седум во фазата на нападот, Додаде и шест асистенции, имаше и две блокади, сето тоа заедно чини висок индексен рејтинг-41 најмногу во седмото около од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.

ЕЛЕНА ТАСЕВСКА (ВАРДАР)

Второ коло по ред, одлично издание на капитенот на Вардар, сега и на мечот со Бадел 1862, кој „вардарки“ го решија во своја корист.

Одигра малку повеќе од 36.минути, период во кој комплетираше двоен ефект, изразен со 22.поени (1/5 за три, 7/9 во обидите за два поени и 5/6 од линијата за слободни фрлања). Освен тоа собра и 12.скока (сите во одбраната), седум асистенции, имаше и по две освоени и две загубени топки, односно индекс рејтинг од 34.поени.

ГЛОРИЈА ГРУЕВСКА (КРИВА ПАЛАНКА)

Остави најдобар впечаток на гостувањето во Неготино. Одигра и најголем број на минути, нешто повеќе од 34, а на довербата на тренерот Виктор Петровски врати со реализација на 31.поен (1/5 за три, 13/15 за два и 2/3 за еден поен). Додаде и шест асистенции, два скока, исто толку освоени и загубени топки за 32 индексни поени.

ДОРА АЛЕКСОВА (МЗТ БЕЛА ВОДА)

Кошаркарките на МЗТ Бела вода стигнаа до својата втора победа во првенството, и што е доста важно, со одлична игра на младата кошаркарка.

За 27:48 минути во игра, постигна 20.поени (2/2 во обидите за три поени, 5/8 во оние за два и 4/4 кои вредат по еден поен). Дополни со седум украдени топки, четири скока, три асистенции, и исто толку загубени топки. што на крајот и донесе индекс 29.

КРИСТАЛ КОРЛИ (МЗТ БЕЛА ВОДА)

Одигра доста рационално на гостувањето во Делчево. За 20:40 минути на теренот, постигна 16.поени (7/12 во обидите за два поени и 2/2 од линијата за слободни фрлања). Додаде и девет скока (шест офанзивни), по две успешни додавања, две освоени топки, и една блокада, и оствари индекс 25, за комплетирање на идеалните пет во седмото коло од „Шпаркасе лајф“ Првата лига.

ПРВА ПЕТОРКА

Линдзи Клири (Бадел 1862)

Елена Тасевска (Вардар)

Глорија Груевска (Крива Паланка

Дора Алексова (МЗТ Бела вода)

Кристал Корли (МЗТ Бела вода)

ВТОРА ПЕТОРКА

Алексис Пул (Крива Паланка)

Аби Ниехуес (Крива Паланка)

Сања Адамовска (Баскет кам)

Јована Петрушевска (Бадел 1862)

Лиле Миткова (Вардар)

ПретходноГаје: Допрва сезонава доаѓа најдоброто од Шкендија
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)