Малинков на клупата на Кожув!

69

Кожув ќе има нов тренер откако членот на елитната кошаркарска лига реши да се раздели со Апостоли Апостолов. Имено нов стратег би требало да биде Љупчо Малинков.

Кавадаречкиот стратег досега беше на клупата на Гостивар, а откако си замина од таму, веднаш си најде нов тренерски ангажман.

Кожув лани стигна до финалето во Купот на Македонија, но во текот на оваа сезона ги немаше посакуваните резултати.

Апостолов ќе го води Кожув уште на натпреварот со МЗТ Скопје, а потоа ќе остане во клубот, додека првиот тим ќе го преземе Малинков.

ПретходноШкендија (А) го претстави своето прво зимско засилување! (ФОТО)
СледноЕдноставно фантастичен: Јакимовски со моќно издание за нова победа на Тренто!