Судии од Исланд на мечот Шкендија – Слован во ЛК!

52

Во четврток од 18:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра натпреварот од 5.коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Слован Братислава. Исклучително важен меч и за двете екипи ако се знае дека поразената екипа ги губи сите шанси за пласман во плеј – офот во ова натпреварување.

Инаку одредени се и судиите за овој дуел. Главен судија е Ивар Ори Кристјансон од Исланд, помошници се неговите сонародници Биркир Сигурдсон и Гуфи Мар Сигурдсон, додека четврти е Вихалмир Тораринсон исто од Исланд.

Во ВАР собата ќе бидат Кевин Кленси и Грент Ирвин, и двајцата од Шкотска.

ПретходноКоментар на 16.коло: Вардар покажа кој е кој, одличната Струга ТЛ и Работнички кој не личи на себе!
СледноСП 2025: Германија е прв полуфиналист!