Зимското национално ватерполо првенство 2025 заврши, првенство кое е точно мерило за напредокот на сите македонски клубови и кое беше најбројно до сега каде настапија вкупно 5 ватерполо клубови.
А Вардар е државен првак во 3 категории односно во 2013+, 2011+, 2009+
Покрај екипните награди се врдарци се закитија и со 5 индивидуални награди односно:
Во 2013
Најдобар стрелец – Матео Ѓуравчевиќ
Најдобар голман – Павел Цветковски
во 2011
Најдобар играч – Михаил Влахов
Најдобар голман – Видан Јакимовски
во 2009
Најдобар играч – Стефан Цветковски
Целите на клубот за 2025 година се 100% исполнети, по завршувањето на зимското првенство во 2024 каде Вардар беше првак само во една категорија (2009+) беше поставена јасна цел за тоа што се сака од зимското национално првенство во 2025 година а тоа е апсолутна победа, целта е остварена во целост!










