Кога во едно мега – дерби против Вардар ќе постигнеш девет голови, и тоа од девет обиди, тогаш јасно е дека ти си херој на својот тим, на победнчкиот тим, на тимот на Пелистер.
Богдан Радивојевиќ долго ќе го памети вечерашниот меч. Му даде девет голови на Вардар, со тоа му донесе драгоцена победа на Пелистер и ја “запали“ домашната публика во “Боро Чурлевски“ во Битола.
Пелистер покажа зошто е шампион кога беше најпотребно, а блескаа и голманот Хеидарирад, како и Кузмановски и Пешевски.
Вардар вечерва не беше на своето ниво, беше надигран од својот лут ривал, но Вардар и натаму е лидер на табелата.













