Без поголеми проблеми ракометарите на Охрид се враќаат со победа од Кавадарци, каде вечерва во мечот до 16. коло против екипата на Тиквеш славеа со убедливи 19:31.
Охриѓани имаа целосна контрола и на играта и на резултатот уште во првото полувреме кога направија предност од пет гола и на пауза заминаа со 12:17. Ништо не се промени ниту во вториот дел, кога гостинскиот тим продолжи со доминацијата и веќе на десетина минути пред крајот тотално ги откажа домашните.
Лиапис имаше 100% ефект во напад со 6 гола од исто толку обиди, а 5/5 имаше и Давид Савревски.
Многу поинтересно вечерва беше во Куманово, каде екипата на Т. Пролет по промената на тренерското место имаше шанси да дојде до победа, но во последната минута од мечот Димевски погоди за конечни 28:28. МРК Куманово успеа да обезбеди реми во меч кој беше комплетно неизвесен од почетокот до самиот крај.
Онцев со 8 гола беше најефикасен кај домашните, додека кај Т. Пролет, Палевски заврши со 11 погодока.










