Полувреме: Во Битола “врие“, Пелистер со +3!

0

Пелистер – Вардар 13:10 по првото полувреме во македонското ракометно вечно дерби во рамките на 16.коло од нашата Суперлига, кое вечерва се игра во Битола.

Мечот почна со голот на Кузмановски за 1:0, за еуфорија на трибините во Битола. Домашните имаа и 2:1, и тоа беше се од водство на домашните. Вардар имаше 2:3, 2:4, 4:7, 6:8. Гостите играа подобро, Валах беше фантастичен на голот на Вардар, Хориха стрелаше, Пелистер тешко се адаптираше во овие моменти, но сепак разликата се намалуваше. Кузмановски беше во елемент, сепак во 20.минута резултатот беше 8:10.

Интересен и возбудлив меч, меч што многу значи посебно за домашните, кои даваа се од себе да дојдат до победа. Вардар, смирен, знаеше што сака и како да дојде до тоа што го сака.

И тогаш израмнување 10:10 во 23.минута со голот на Радивојевиќ за радост на домашните. Тогаш и Хеидарирад на голот на Пелистер почна да блеска, тоа им даде сила и мотив на домашните. Посебно откако го одбрани ударот од седум метри на Кавада.

Пешевски реализираше за 11:10, за водство на Пелистер. Ова се моменти на Пелистер, и за 13:10.

Радивојевиќ кај домашните со пет голови, Хориха кај гостите со 4 кај гостите.

Блескаше Хеидарирад со пет од пет одбрани.

ПретходноЈокиќ губи милиони долари но не го менува ставот