Експедицијата на Слован Братислава веќе е во Македонија, во Скопје, каде утре од 18:45 часот ќе и гостува на Шкендија во меч од 5.коло во Лигата на Конференции. Тука е и Тигран Барсегјан, некогаш големата ѕвезда на Вардар и воопшто во ПМФЛ. Според најавите Ерменецот е повреден, но веројатно ќе добие некоја минута на утрешниот меч со Шкендија.
Од таборот на Слован велат дека го респектираат шампионот на Македонија, но и дека веруваат во себе и дека одат на победа.










