Ракометарките на Францијасе последните патнички во полуфиналето на Светското првенство, откако вечерва ја победија Данска со 31:26 (17:12). Франција со оваа победа остана во трка за одбрана на тронот.
Доминацијата и победата на Франција денеска ја донесоа Сара Букит со седум, Кларис Маиро со шест, Тамара Хорачек со четири и Луси Гарние со три гола. За Данска, Кристина Јоргенсен постигна 10 гола, Елма Халилчевиќ четири, а Микела Елсберг три гола.
Полуфиналните натпревари се закажани за 12 декември, а ќе се натпреваруваат Холандија и Норвешка, односно Франција и Германија.










