Холандија е третиот полуфиналист на СП за жени

30
фото: ihf. info

Женската ракометна репрезентација на Холандија е третиот патник во полуфиналето на Светското првенество. Вечерва во првото четвртфинале од програмат аво Ротердам, Холандија ја совлада Унгарија со 28:23 (14:9).

Десниот бек Гиера Дион Хаушер го предводеше тимот на „лалињата“ до уште еден голем триумф, постигнувајќи осум гола од 15 обиди, додека нејзината клупска колешка Бо ван Ветеринг беше прогласена за играч на натпреварот со учинок од 5/7.

Искусната Анџела Малестин, која е десно крило на Ференцварош, исто така одигра одлично со четири гола од седум шута.

Во полуфиналето Холандија ќе се сретне со Норвешка. Ова ќе биде дуел на двата тима кои се непоразени во првите две фази од турнирот.

ПретходноШтип УГД немаше многу шанси: Милано убедливо славеше во Радовиш
СледноОхрид лесно во Кавадарци, Куманово во последните секунди се спаси од пораз