Штип УГД немаше многу шанси: Милано убедливо славеше во Радовиш

0
фото: CEV.eu

Очекувано и доминантно, италијанскиот состав Алианца Милано обезбеди убедлива победа на првиот меч од 1/16-финалето на Челинџ Купот против нашиот Штип УГД на мечот одигран вечерва во Радоцвиш. Моќниот италијански состав покажа зошто во нивната Суперлига се игра најдобрата европска клупска одбојка и за нешто повеќе од еден час игра успеа да дојде до првиот триумф на патот кон осминафиналето во ова европско натпреварување.

ШТИП УГД – АЛИАНЦ МИЛАНО   0:3 (12-25, 14-25, 20-25)

Штипјани влегоа со голем респект кон ривалот, па тоа можеби и се одрази на конечниот епилог во првите два сета од мечот. Во првиот сет нашиот вицепрвак освои само 12 поени, додека во вториот имаше два плус.

Во третиот сет видовме најдобра игра на штипјани и сет кој донесе за нијанса поголеми возбудувања.

Стојан Илиев со 9 поени беше најефикасен во составот на Штип УГД, додека кај екипата на Алианц Милано најдобри поентери беа Отсука и Масуловиќ со по 10 поени.

Реванш натпреварот во Италија е закажан на 6 јануари и ќе биде уште една убава шанса за нашиот преставник да се покаже во најдобро светло во својата дебитантска сезона во европските купови.

ПретходноХоландија е третиот полуфиналист на СП за жени