Најдобриот кошаркар на денешницата, србинот Никола Јокиќ е енормно платен спортист со еден од најголемите НБА договори. Според информациите тој на годишно ниво заработива 63,2 милиони долари, од кои 55,2 од договорот со Денвер.
Остатокот се прихофи вон теренот, кои се во споредба со другите спортисти на негово ниво, драстично помали.
Главната причина поради ова е фактот што Никола Јокиќ сеуште нема профили на социјалните мрежи. Неговиот став по ова прашање е ригорозен и дефинитивен засега, и нема најави дека истиот ќе се промени.
Познатиот магазин Форбс процени преку AL, дека тој губи десетина милиони долари годишно поради оваа причина, но Јокиќ одамна покажа дека парите не се движечката сила во неговиот живот.










