„Боро Чурлевски ќе гори: Пелистер сака да го сопре заузданиот Вардар 1961

0

Денеска во центарот на вниманието е Битола, во салата „Боро Чурлевски“ се игра (18 часот) вториот дерби дуел меѓу Пелистер и Вардар 1961 оваа сезона во Супер-лигата.

Актуелниот македонски првак е под голем притисок. Изминатиот период не беше најдобар за тимот од Битола. Остана без тренер откако Рубен Гарабаја си поднесе оставка после поразот од Загреб и ремито со Алкалоид. Покрај ова Пелистер на табелата има четири бода (26) помалку од директниот конкурент на титулата, па пораз ќе значи нов удар кон исполнување на зацртаните цели за оваа сезона.

На другата страна пак Вардар 1961 може да зачекори сериозно кон враќање на титулата. Со победа во Битола ќе има сериозна предност од шест бода, ќе треба да внимава на „нагазни мини“ во продолжение, како Алкалоид и ГРК Охрид, и секако во следните два дерби дуели ќе има шанса и со еден кикс да ја врати титулата. Вардар 1961 во дуелот со Пелистер влегува со голема самодоверба, бидејќи до 16. коло нема пораз во Супер-лигата, а во Европската лига се пласираше во главната рунда со четири победи и еден пораз.

Ова дерби ќе биде „зачинето“ со двете навивачки групи, во салата „Боро Чурлевски“ ќе бидат и „Комити“.

Покрај оваа средба денеска ќе играат: Куманово – Пролет (19 часот), Тиквеш – ГРК Охрид (19 часот), Прилеп – Алкалоид (19:30 часот). Утре ќе играат Пелистер 2 со Бутел Скопје и Радовиш – Струга.

ПретходноЈамал го урна рекордот на Мбапе во Лигата на шампиони