ЛШ: Голеада со гостинско славје: Копенхаген и Ајакс се враќаат со победи (ВИДЕО)

24
фото: Villarreal (X)

Во меч со дури шест голови, фудбалерите на Ајакс ја остварија првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите, откако вечерва славеа со 2:4 на гостувањето кај екипата на Карабах. Домашните двапати водеа, но во финишот дозволија холандскиот гигант да направи целосен пресврт.

Дуран во 10. минута го донесе Карабах во водство од 1:0, по што Долберг израмни на 1:1 во 39. минута. На стартот на вториот дел домашните преку Матеус Силва се вратија со предност од 2:1, но од 79 до 90. минута Ајакс направи целосен пресврт со три гола во серија (Глух, Гаеи, Глух) за конечни 2:4.

Виљареал продолжи со очајните настапи во најсилното европско натпреварување, откако вечерва го претрпе и петтиот пораз. „Жолтата подмнорница“ загуби дома од ФК Копенхаген со 2:3 и со тоа остана на само еден освоен бод досега.

За ФК Копенхаген ова беше втора победа во шест одиграни меча во ЛШ.

ПретходноОхрид лесно во Кавадарци, Куманово во последните секунди се спаси од пораз
СледноАлкалоид обезбеди очекувана победа во Прилеп