Јамал беше вознемирен, Флик објасни зошто го извади од игра!

13
ФОТО: FC Barselona/FB

Главниот тренер на Барселона, Ханси Флик, го коментираше триумфот од 2-1 над Ајнтрахт Франкфурт во шестото коло од главната фаза на Лигата на шампионите. Германскиот специјалист објасни и зошто го замени Ламин Јамал, кој покажа незадоволство од неговата замена.

„Па, Јамал беше малку вознемирен. Но, имаше жолт картон, а исто така му требаше и одмор – тоа е причината за замената“, рече Флик и продолжи со анализа на мечот:

„Трите бода се многу важни, се вративме во игра. Беше многу тежок натпревар. Противникот се бранеше многу длабоко, но ние ја контролиравме ситуацијата и создадовме шанси. Треба да се фокусираме и да освоиме уште 6 бода во преостанатите два натпревари. Имаме четири победи по ред, што е важно“, заклучи Флик.

ПретходноЈакимовски е нов рекордер на Тренто: Нема да застанеме тука!