Беќири: Победата е супер, но уште не сме обезбедиле пласман понатаму

96

Екипата на Шкендија вечерва на огромно задоволство на фудбалската јавност во Македонија, успеа да ја обезбеди втората победа во овогодинешниот настап во групната фаза од Лигара на Конференции.

Нашиот шампион успеа да слави со 2:0 против тимот на Слован Братислава и на тој начин во голема мера да си ги зголеми шансите да обезбеди пласман во елиминационата фаза на пролет од ова натпреварување.

Тренерот Јетон Беќири секако дека е презадоволен од вечерашниот настап на неговиот тим, но искусно најави дека уште ништо не е завршено затоа што има да се одигра уште едно коло.

„Беше добар настап како тим и играчите ги завршија своите задачи до крај, но ќе бев позадоволен ако постигневме уште неколку голови. Секако, сè уште не сме пласман во следната фаза, бидејќи имаме уште еден натпревар за играње. Се надевам дека на натпреварот во Ларнака, играчите ќе го дадат својот максимум“, изјави Беќири.

ПретходноЕве зошто Салах е незадоволен во Ливерпул! Не е проблемот Арне Слот туку…
СледноПао „падна“ во Милано, Валенсија добра против Анадолу Ефес