Лига на Европа: Рома покажа сила против Селтик, Лион и натаму лидер

1

Со високи и убедливи 0:3, тимот на Рома славеше вечерва во Гласгов кај тимот на Селтик и со тоа покажа дека во моментов е во сериозна форма. Мечот имаше само еден правец, затоа што Скејлс си постигна автогол уште во шестата минута, а веќе до полувреме беше три разлика за гостите. Вториот дел беше само рутина за Рома.

Од друга страна пак, тимот на Лион и натаму е лидер во оваа конкуренција затоа што денеска на свој терен славеше против Го Ахед Иглс со конечни 2:1. Интересно е што веќе во единаесеттата минута гледачите видоа три гола, а потоа мрежите мируваа до крајот на дуелот.

Астон Вила имаше тешко гостување во Базел, но сепак обезбеди три бода со победата од 1:2.

 

Резултати:

Базел – Астон Вила 1:2

Бран – Фенербахче 0:4

Селта – Болоња 1:2

Селтик – Рома 0:3

Порто – Малме 2:1

ФЦСБ – Феенорд 4:3

Лион – Го Ахед Иглс 2:1

Панатинаикос – Плзен 0:0

Фрајбург – Салзбург 1:0

ПретходноПао „падна“ во Милано, Валенсија добра против Анадолу Ефес