Лига на Конференции: АЗ Алкмар триумфално во Приштина, Фиорентина подобра од Динамо Киев

32

Во сенка на триумфот на нашиот претставник, тимот на Шкендија, вечерва во Лигата на Конференции од 18:45 се одиграа и доста други мечеви.

Вреден за споменување е триумфот на тимот на АЗ Алкмар во Приштина, кај тимот на Дрита од 0:3, онаму каде што токму Шкендија се „сопна“ во минатото коло.

Од друга страна пак, во своевидното дерби, тимот на Фиорентина беше подобра од Динамо Киев со 2:1.

Јагиелонија успеа да освои бод против Шкендија во Скопје но не успеа да обезбеди поени вечерва во домашниот пораз од 1:2 од Рајо.

Резултати:

Бреидаблик – Шамрок 3:1

Дрита – АЗ Алкмар 0:3

Фиорентина – Динамо Киев 2:1

Хакен – АЕК Ларнака 1:1

Јагиелониа – Рајо 1:2

Ноа – Легиа 2:1

Самсунспор – АЕК 1:2

Универзитатеа Крајова – Спарта 1:2

ПретходноЛига на Европа: Звезда со триумф во Австрија, дебакл на Динамо, голот на Миовски недоволен за бодови (ВИДЕО)
СледноСевиља има огромен проблем… ќе и го затворат стадионот на месец дена