Вториот тим на Пелистер по голема драма до бод против Бутел Скопје

0

Бутел Скопје беше на чекор до победа против вториот тим на Пелистер, имаше водство од два гола, но на крајот му дозволи на противникот да израмни за конечни 24-24. После 16-то коло, избраниците на Горан Кузмановски имаат 16 бода, исто колку и Тиквеш, додека пак Пелистер 2 остана со бод помалку.

На три и пол минути до крајот при 22-24, Митревски со два гола успеа да дојде до бод против скопскиот состав. На одморот резултатот беше 11-10 за битолчани.

Трајкоски запишаа 11 одбрани, додека Тодор Узунчев даде осум гола кај гостите,во домашниот состав девет гола имаше Мохамед Азиз.

Бутел Скопје во следното коло игра против Пролет, додека Пелистер 2 против Тиквеш во Кавадарци.

ПретходноШто е со навивачите на Шкендија!?… очајна посета на Арената, Слован ќе има поголема поддршка од домаќинот