Вчера во Битола: Полицијата привела тројца фанови на Вардар и еден на Пелистер!

3

Како што и официјално се информира, вчера на мега – дербито во Битола каде играа Пелистер и Вардар, припадниците на полицијата привеле тројва гостински навивачи и еден на Пелистер.

Еве што се вели во соопштението на МВР:
На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје. При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија. Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПретходноОдбојкарите на домашен терен ја стартуваат Европската лига 2026