Лазаров го презентираше планот и очекувањата за Европското првенство

6

Денеска во РФМ се одржа седница на Управниот Одбор. На дневниот ред се најдоа 14 точки на дневен ред. На присутните им се обрати првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, за кого најголемо задоволство од неговото доаѓање на чело на „куќата на ракометот“ е пласманот на Европското првенство 2026 година во машка конкуренција. Тој не заборави да му честита на селекторот на женската репрезентација, Кристијан Грчевски за освоеното прво место на меѓународниот турнир во Анкара.

„Најголемо задоволство пласманот на Европското првенство 2026, се надевам дека ќе се покажеме во најдобро светло и се надеваме на позитивен резултат. Се надеваме дека ќе имаме публика во Хернинг“, рече Стефанов. 

Селекторот, Кирил Лазаров ги презентираше своите планови за претстојното Европско првенство 2026 година. Македонија има закажано четири пријтелски меча, а до стартот на првенството може да одигра уште еден.

„Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, акцент ќе ставиме на воигрување на тимот, ќе ги искористиме сите можни денови на располгање. Ќе одиграме повеќе пријателски мечеви, ќе им дадаме шанса на сите ракометари. Со Хрватска ќе одиграме пријателска средба на 28 декември во Пореч, тами ќе бидеме пет работни денови. После Нова Година се враќаме во Скопје, па одиме Швајцарија. Таму ќе одиграме против Бахреин, Укриана и Швајцарија, и од таму ќе заминеме во Данска каде ќе отидеме порано пет дена за да може да се адаптираме, ќе пробаме да најдеме уште ден противник, можеби со еден клуб. 

Тешка група, се работи за домаќинот Данска, ќе пробаме достојно да го презентираме македонскиот ракомет, тука е Португалија која знаеме каков ракомет игра. Против Романија тука ја гледаме нашата шанса, нема да ја потцениме. Ќе се бориме, јас сум голем оптимист поради она што го гледам и што го пратам“, се обрати Лазаров пред Управниот Одбор. 

Тој не го криеше своето задоволство од самиот пласман на големото натпреварување.

„Успеавме да се пласираме на уште едно големо првенство, успеавме да го продолжиме континуитетот на спортот број еден во Македонија од осомостојувањето на нашата држава со сосема нова генерација

Како спорт број еден успеавме да наполниме сала, тоа е показател дека имаме поддршка од јавноста, успеавме да наполниме салите со нова генерација. Пласманот е потврда на успешноста на Светското првенство каде игравме со силни противници.

Заедно со клубовите направивме јака база на играчи, имаме слатка мака кого да се одбереме. Но, тоа работа на вкус, секогаш ќе има незадоволни од изборот“.

ПретходноТренерот на Слован се сеќава на Тбилиси и тие 0:1 за пласман на Македонија на ЕП, се сеќава и на Охрид!