Со високи и убедливи 0:3, тимот на Рома славеше вечерва во Гласгов кај тимот на Селтик и со тоа покажа дека во моментов е во сериозна форма. Мечот имаше само еден правец, затоа што Скејлс си постигна автогол уште во шестата минута, а веќе до полувреме беше три разлика за гостите. Вториот дел беше само рутина за Рома.
Од друга страна пак, тимот на Лион и натаму е лидер во оваа конкуренција затоа што денеска на свој терен славеше против Го Ахед Иглс со конечни 2:1. Интересно е што веќе во единаесеттата минута гледачите видоа три гола, а потоа мрежите мируваа до крајот на дуелот.
Астон Вила имаше тешко гостување во Базел, но сепак обезбеди три бода со победата од 1:2.
Резултати:
Базел – Астон Вила 1:2
Бран – Фенербахче 0:4
Селта – Болоња 1:2
Селтик – Рома 0:3
Порто – Малме 2:1
ФЦСБ – Феенорд 4:3
Лион – Го Ахед Иглс 2:1
Панатинаикос – Плзен 0:0
Фрајбург – Салзбург 1:0










