Во сенка на триумфот на нашиот претставник, тимот на Шкендија, вечерва во Лигата на Конференции од 18:45 се одиграа и доста други мечеви.
Вреден за споменување е триумфот на тимот на АЗ Алкмар во Приштина, кај тимот на Дрита од 0:3, онаму каде што токму Шкендија се „сопна“ во минатото коло.
Од друга страна пак, во своевидното дерби, тимот на Фиорентина беше подобра од Динамо Киев со 2:1.
Јагиелонија успеа да освои бод против Шкендија во Скопје но не успеа да обезбеди поени вечерва во домашниот пораз од 1:2 од Рајо.
Резултати:
Бреидаблик – Шамрок 3:1
Дрита – АЗ Алкмар 0:3
Фиорентина – Динамо Киев 2:1
Хакен – АЕК Ларнака 1:1
Јагиелониа – Рајо 1:2
Ноа – Легиа 2:1
Самсунспор – АЕК 1:2
Универзитатеа Крајова – Спарта 1:2










