Ловро Јотиќ е успешно опериран после тешката повреда на предниот вкрстен лигамент, повреда со која се здоби на дуелот против Тиквеш. Од клубот истовремено известија дека Предраг Вејин повеќе не е дел од тимот.
„Нашиот среден бек Ловро Јотиќ успешно ја помина операцијата на предниот врсктен лигамент, повреда со која се здоби на натпреварот одигран во СРЦ Билјанини Извори од 5тото коло против екипата на ГРК Тиквеш.
На Ловро му посакуваме добро здравје и што побрзо да се врати на ракометните терени.
Предраг Вејин не успеа да се врати целосно по повредата здобиена во Олимпијакос и да му се стави на располагање на тренерот Ројевиќ, поради што ГРК Охрид спогодбено го раскина договорот со десниот бек. Му посакуваме добро здравје и побрзо да се врати на ракометните терени“, се вели во известувањето на тимот.










