Поради буџетски потешкотии, исплатата на субвенции ќе биде одложена за два месеци!

55

Министерството за спорт и Кошаркарската федерација на Македонија заедно со претставници на женските клубови од Првата и Втората лига, како и од Македонската Супер-лига го одржаа состанокот, кој „СпортСпорт“ го најави во изминатите денови.

Разговорите меѓу засегнатите страни биле фокусирани на исплатата на субвенциите што клубовите ги добиваа претходните години.

Според информациите до кои дојдовме, поради моментални буџетски потешкотии, исплатата ќе биде привремено одложена околу два месеца, но Министерството за Спорт прави напори ситуацијата да се надмине.

Нашите извори велат дека во Кошаркарската Федерација постои впечаток дека Министерството се обидува да најде решение и дека во наредниот период може да се очекува позитивен развој.

Иако беше највен штрајк во знак на револт од страна на Прва лига жени, сепак истиот нема да се случи – за подобро утре на спортот.

Ќе продолжиме да ја следиме темата и да ја информираме јавноста за нови детали.

ПретходноЛовро Јотиќ е успешно опериран, Вејин повеќе не е дел од ГРК Охрид
СледноСкандалозно: Пијани навивачи на Слован направиле хаос во авионот за Скопје, има и приведени!