Како што пренесуваат медиумите во Србија, РК Вардар го договорил Вукашин Воркапиќ, десно крило на Војводина. Се пренесува дека трансферот набрзо ќе биде официјализиран а Воркапиќ ќе го облече дресот на Вардар за следната сезона.
Воркапиќ важи за едно од најдобрите десни крила во Србија, важи за еден од најдобрите ракометари на Војводина и секако дека ќе биде големо засилување за тимот на Вардар во следната сезона.
Ова покажува дека некогашниот двоен европски шампион и за следната сезона има големи амбиции. Вардар до вчера во домашниот шампионат беше перфектен, но во мега – дербито со Пелистер во Битола го доживеа првиот пораз.










