Слован е на колена, Шкендија во игра за европска пролет (ВИДЕО)

10

Вечерва македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкендија, го одигра еден од најдобрите свои мечеви на меѓународна сцена. Имале тетовци одлични изданија, но вечерва во рамките од петтото коло од групмата фаза од Конференциската лига, против тимот на Слован од Братислава едноставно одржа лекција како тоа се прави.

Шкендија победи со конечни 2:0, во меч во кој постигна два гола, создаде зицер ситуации за уште минимум толку, и го остави во прашалници тимот кој лани играше во Лигата на Шампионите. Што тоа толку Слован лошо направи на Арената во Скопје вечерва? Ништо, само Шкендија одигра онака како што треба, ништо повеќе. И ја оствари втората победа во оваа кампања, откако во Скопје беше совладан и тимот на Шелбурн.

Автоголот на Бајриќ носи домашна предност

Шкендија во ниту еден момент од овој дуел не дозовли противникот да наметне темпо. напротив. Имаше контрола на ситуацијата во текот на сите деведесет минути.
Така беше и на почетокот. Љатифи со удар, шанса за Ибраими која беше офсајд ситуација, а потоа водство. Во 33. минута токму Ибраими нафрли од корнер, Љатифи на прв дирек со глава, а директниот чувар, словенецот Бајриќ во обид да расчисти си постигна автогол. Награда за дотогап одиграното за домаќинот.

Двојно водство до полувреме

Домаќинот не го фати паника од водството, не се повлече напротив. Одигра мудро. Во првата минута од судиското продолжение, Вебстер повлече екстра контра напад од десно, нафрли на подалечниот дирек ниско по земја, а таму Спахиу во пад забива во празната гостинска мрежа.

Доминација и во вториот дел

Ако Слован не одигра ништо во првото полувреме, истото може да се каже и за продолжението на мечот. Шкендија смирено, ориентирана на монтра напади, и тоа како успеваше да го реализира својот план. Создаде грст ситуации, но не успеваше во тој последен пас да биде доволно прецизна за да погоди и трет пат. А реално немаше ниту потреба. Вечерва Шкендија беше за класа подобар тим од противникот, и заслужено се радува на новите бодови во Лигата на Конференции.

Шкендија – Слован 2:0 (2:0)

Арена Филип Втори

Гледачи: 1500

Главен судија: Кристјнансон (Исланд)

Стрелци: Бајриќ (аг) 33, Спахиу 45 (Ш)

Шкендија: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Зејнулаи, Рамадани (Спахиу 83), Ќака (Красниќи 72), Спахиу, Ибраими (Адеми 72), Љатифи (Мазари 86)

Слован: Такац, Вимер, Кашиа, Бајриќ, Круз, Покорни (Гајдос 58), Ибрахим(Јирајанг59), Блекмен, Велс, Мак, Мерцел

 

 

ПретходноСупер вести од Уганда… Мато е здрав и ќе игра за својата репрезентација