Случајна средба со Барсегјан: Жалам што вечерва не играм против Шкендија, се радувам за Вардар!

0

Не треба да се трошат зборови за тоа кој е Тигран Барсегјан, херојот на Вардар од времето кога нашиот најтрофеен клуб во 2017 година успеа да се пласира и во групната фаза во Лигата на Европа. Ерменецот остави голем белег во клубот, а фановите ќе го паметат како голем борец.

Еве по неколку години Барсегјан повторно е во Скопје, сега со својот Слован Братислава, но е повреден и нема да игра против Шкендија.

Кога случајно ќе се сретнеш во хотелот Хилтон во Скопје со него, јасно е дека Тигран има свој коментар на повеќе теми, па и за вечерашниот меч со Шкендија:

Штета. Многу сакав да играм вечерва, ама..повреден сум веќе неколку недели. Шкендија е тим за респект, ама ние одиме на победа. Сакам да нагласам од она што го видов вчера на тренингот, теренот на Арената е многу лош, под сите стандарди. Не знам зошто е тоа така. Ќе биде тешко да се игра, но тој ќе биде ист и за двете екипи“ посочи Ерменецот.

Барсегјан не го заборава Вардар, не крие дека се радува што неговиот некогашен клуб повторно е најдобар во Македонија:

Се радувам што Вардар е прв. Седлоски е врвен тренер и неговата дисциплина носи успеси, Среќен сум што Вардар бил дел од мојата кариера и тоа во времето кога имавме успеси. Тоа време не се заборава“ посочи Тигран Барсегјан.

ПретходноВчера во Битола: Полицијата привела тројца фанови на Вардар и еден на Пелистер!