Супер вести од Уганда… Мато е здрав и ќе игра за својата репрезентација

0

Напаѓачот на Вардар, и најдобар стрелец на есенскиот шампион во изминатата полусезона, интернационалецот од Уганда, Роџерс Мато во моментов се наоѓа со репрезентацијата на подготовките за Африканскиот куп.

Мато од Црниот континент испрати порака дека е потолно фит што се однесува до повредата, и дека ќе биде во комбинација за претстојниот турнир.

Напаѓачот се повреди на дуелот против Тиквеш на домашен терен, а се работеше за пукнатина на една од коските на неговото стапало.

Сепак, тој навреме се опорави, ќе настапи на Африканскиот куп, а потоа ќе се јави на подготовките на Вардар.

 

ПретходноПретседател на федерација исфрлил репрезентативец од списокот само да не му го урне рекордот!